Град во Германија направи неверојатен гест за своите најзагрозени жители

Зимата е сурова кон сите, но особено кон оние кои немаат свој топол дом. Многу бездомници низ светот умираат поради екстремните температури и еден град во Германија одлучи да спречи ваков трагичен крај. Градот постави капсули за да спијат бездомници во текот на зимските месеци.

Иновативните капсули се поставени низ целиот град Улм на клучните локации на кои одат бездомниците. Температурите често паѓаат под нулата во Улм, така што капсулите навистина ќе спасат многу животи. Изработени од челик и дрво, капсулите и изолирани и водоотпорни, а неодамна претрпеа и надградби така што во нив има соларни панели и комуникациски услуги.

Капсулите имаат независна веб-врска, што значи кога се зафатени, испраќа предупредување до добротворна организација која потоа ги проверува капсулите и ги одржува чисти. Добротворната организација тогаш, кога е можно, контактира со лицето кое ја населило капсулата и го прашуваат дали му треба помош.

И покрај мрежната врска, нема камери во просторот за спиење. Првпат воведени пред две години, капсулите сега имаат подобра изолација и се изработени од потрајни материјали. Подобрувањата беа опишани како неопходни бидејќи екстремно студените температури во земјата продолжија да траат.

Тие се доволно големи за да во нив можат да спијат две лица и постојано циркулира свеж воздух благодарение на нивниот футуристички дизајн. Жителите се надеваат дека иновативната идеја ќе продолжи да се спроведува и во други делови на Германија, како и низ цела Европа. Во 2017 година, Германија имаше бездомно население од 650 000 жители.