Град во град со покриви од „Тондах“ на површина од 15 хектари во Косово (ФОТО + ВИДЕО)
Запознајте го комплексот кој има 230 куќи со прекрасни покриви направени со ќерамидите Contiton 12, а кој беше изграден за само две години.
Изминатите децении, на нашиве простори стана тренд живеењето во резиденцијални комплекси. Со зголемувањето на урбанизацијата на просторите за живеење, растеше и потребата за иновативни решенија за домување што одговараат на современиот начин на живот.
Резиденцијалните комплекси нудат модерни објекти за живеење (куќи, станови или апартмани), но и функционални простори за поминување на времето заеднички на луѓето што живеат во тој комплекс, како што се игралишта за деца, терени за спортување, патеки за велосипеди и сл.
Популарноста на ваквите комплекси, меѓу другото, е и токму поради тоа што тие се одраз на комплексноста на модерното живеење, кое бара практичност, безбедност и одржливост.
230-те куќи на „Ќендреса хоум“ на површина од 15 хектари
„Винербергер“ е компанија којашто има соработка со многу инвеститори на овие простори. Сепак, одвреме-навреме се појавуваат градби кои нè воодушевуваат во секоја смисла и за кои сакаме да зборуваме.
Еден од таквите проекти, кој сакаме да ви го претставиме, е резиденцијалниот комплекс „Ќендреса хоум“. Станува збор за населба на површина од 15 хектари, со модерна инфраструктура, која се наоѓа во јужниот дел на Приштина. Инвеститор на градбата е Bau Holding, a дистрибутер на градежните материјали е Bau Market од Приштина, Р.Косово, кои имаат големо искуство во градба на вакви резиденцијални комплекси. Населбата е од затворен тип, со надгледуван влез и излез и е поделена на два дела кои се поврзани со улици со две ленти, тротоари од двете страни и зелени паркинзи.
Комплексот „Ќендреса хоум“ има 230 куќи и повеќе објекти како градинка, игралишта, административни згради… За дизајнот на овој вистински град во град е користена бела боја за фасадите и природни материјали како што се тулите и ќерамидите, со цел населбата да се вклопи во изгледот на традиционалната архитектура. Но, и да се одговори на современата потреба за одговорност кон природата преку одржливо градење со материјали кои можат одново да се употребуваат.
Покриви со Тондах ќерамиди
Секоја куќа во овој комплекс е осмислена со сопствени детали кои ја прават уникатна во целата населба. Куќите имаат доволно растојание една од друга и оградени дворови, со што жителите можат да уживаат во приватноста и во тишината неопходна за пријатен живот.
За изградба на покривите на сите куќи во овој комплекс се користени ќерамидите Contiton 12 на Тондах, како и фасадните тули Eco Dorado на Terca. Природните ќерамиди одлично се вклопуваат во идејата за одржлива населба која им нуди максимално пријатно и здраво домување на своите жители, а нивната црвена енгобирана боја како контраст на зеленилото со кое е опкружена секоја од куќите, го прави целиот резиденцијален комплекс естетски впечатлив.
Изборот токму на Contiton 12 од страна на инвеститорите се должи на неколку причини. Прво, нивната доверба во искуството на „Винербергер“ и квалитетот на нашите ќерамиди; второ, убеденоста дека со вложување во квалитетни материјали вложуваат во сигурноста на објектите кои ги градат за да траат и трето, заради целата техничка поддршка што ја добија од нашиот тим, а што им беше навистина потребна, со оглед на тоа што градбата на целиот комплекс беше завршена за само две години.
Коментирај анонимно