Град во Јапонија се справува со мечките на сосема „јапонски начин“

Јапонците во исто време се познати по тоа што се многу напредни во технологијата, но исто така и целосно откачени. Но, не мора да значи дека доколку изумот е откачен дека и не е функционален.

Такакава, град на северниот остров Хокаидо, купи два роботи „чудовишни волци“ за да ги плаши мечките и ова навистина функционира. Роботите се со големина од околу еден метар и со користење на инфрацрвени сензори можат да откријат кога има мечка во близина.

Кога ќе се открие мечка, робот-волкот почнува да испушта силни звуци и ја тресе главата додека очите му светат во црвена боја. Исто така, може да се пофали со големи бели заби и крзно, кои додаваат на нивниот целокупен изглед како нешто што дефинитивно не би сакале да го сретнете доцна навечер.

Очигледно роботите имаат 60 различни типови звуци кои се движат од човечки гласови, истрели од пиштол и завивање, така што мечките не се навикнуваат на роботот.

Такикава, дом на околу 41 000 жители, неодамна забележал пораст на активноста на мечките и открил дека почнале да стануваат сè поопасни додека бараат храна. Ова го поттикнало градот да го прифати новиот пристап кон одвраќање на мечките, особено во време кога мечките одат на голем лов за храна пред да преминат во хибернација кон крајот на ноември.

Компанијата за машини Охта Сеики е мозок зад необичните роботи и се вели дека продале околу 70 од нив во изминатите две години.