Град во Канада гради мостови од рециклирани шишиња за вино

Шишињата за вино често се користат, па затоа има слисла да се рециклираат но малку иницијативи биле толку генијални како користењето рециклирани шишиња за вино, за да се изгради мост. Канада е земја каде што рециклирањето е многу важно, а рециклирањето шишиња за вино не е нешто ново.

Всушност, земјата користеше прав од стаклено шише во своите тротоари од 2011 година. Но, сега започна нов проект во кој се користат 70.000 стаклени шишиња за да се создаде мост на „Нанс Ајленд“, Монтреал. Слично на тротоарите, стаклото ќе се претвори во прав и ќе се меша со цемент за да се постигне силна структура.

Идејата за ваков вид структура започна во 2017 година кога Штиен Кантин Белемаре, водечки дизајнер и инженер на проектот, истражуваше за високите перформанси на „стаклен бетон“. Три години подоцна и ова истражување практично се применува на мост.

Вториот мост што го користи истиот метод е предвидено да започне со изградба следната година и изгледот на овие мостови станува впечатлив со помош на архитектонската компанија Прованчер Рој. Со оглед на тоа дека овој проект ќе биде успешен, процесот на рециклирање може да биде усвоен од други земји кои користат многу шишиња за вино.