Градат ѕид од 36 километри: Со камери и бетонски појас за враќање на туристите во ова познато место

За гостите да се чувствуваат безбедно, а туризмот да цвета како порано, пред бомбашките напади во 2005 година, Египќаните решија да изградат ѕид долг 36 километри околу популарното одморалиште Шарм ел-Шеик. Властите се надеваат дека новите безбедносни мерки ќе ја подобрат туристичката „крвна слика“ по значителниот пад на бројот на посетители во последните 15 години.

Дали ѕидот ќе ја врати довербата во тој агол на Синајскиот полуостров, ќе видиме откако ќе го види светлото на денот, но ќе биде потребно некое трпение додека светот да се опорави од пандемијата. Градот ќе биде достапен преку еден од четирите влезови расфрлани по ѕидот каде камерите и скенерите ќе ја вршат својата работа без пауза.

Египќаните сакаат туристите повторно да дојдат до Шарм ел-Шеик, да уживаат во прекрасните плажи и да ги истражуваат длабочините на Црвеното Море, кое што е прекрасно за нуркачи, да го истражат Синајскиот полуостров, да ја откријат пустината со камили и да потрошат пари за вкусни деликатеси.