Градежен работник кој доби 123 милиони евра на лото работи бесплатно за другите да имаат среќен Божиќ
Градежен работник кој стана мултимилионер откако доби џекпот од 123 милиони евра од Еуромилион почнал да работи бесплатно. Стив Томсон, од Селси, Западен Сасекс, вети дека ќе се врати на работа во обид да „остане нормален“, откако минатиот месец стана деветтиот најголем победник во Велика Британија во историјата на Европската лотарија.
Но, тој оттогаш одбива да им наплати на своите клиенти и ги охрабрува тие пари да ги чуваат за да си купат убави божиќни подароци. 42-годишниот маж неодамна заврши со инсталирање на конзерваториум за еден од неговите соседи во Селси минатата недела, но не му наплати за работата.
Скромниот Стив дури сѐ уште го користи старото жолто комбе со кое оди на работа и изјавил дека има во план да направи неколку „неверојатни работи“ пред да престане да работи, па затоа не гледа поента да троши за пари за ново комбе.
Г-н Томсон, кој редовно игра лотарија веќе 25 години, вети дека ќе и помогне на локалната заедница и им рече на клиентите: „Не грижете се ќе исполнат што сум ветил и ќе ја завршам мојата работа.“ Неговата сопруга Ленка Томсон, која има три деца со Стивен, веќе ја напуштила својата работа во продавницата во близина на нивниот дом во Селси, Западен Сасекс.
Тие планираат да купат нов дом, така што нивните два сина од 10 и 15 години и 8-годишната ќерка да си имаат своја соба, правејќи ги нивните услови за живеење, „малку похармонични“.
Стив изјавил дека освојувањето на џекпотот му предизвикало многу стрес па враќањето на работа му помогнало да остане нормален.