Градот Вухан заживеа, откако минатите 10-тина дена не се појави ниту еден нов случај на корона меѓу 11-те милиони жители

Кинескиот град Вухан, кој важи за извор на пандемијата на коронавирусот, излезе од двомесечниот карантин и полека се враќа во нормала. Во текот на изминатите 10-тина дена, ниту еден случај на инфекција не е регистриран таму. Во градот со население од 11 милиони, се отворија дел од метро-станиците, започна да функционира и другиот јавен превоз, а се отворија и рестораните и трговските центри. Луѓето ги следат мерките на безбедност, но веќе можат да шетаат низ градот и да ги посетуваат јавните места.