Гриселда Бланко, на прв поглед кротка старица, но всушност кралицата на кокаинот, пред која сите трепереа
Старица со седа коса се враќала дома од месарницата во соседството кога била застрелана од моторциклист. Луѓето наоколу биле шокирани кога го виделе убиството на жената. Подоцна сите дознале дека ниската, полничка 69-годишна жена е всушност една од највлијателните личности во историјата на колумбиската мафија за наркотици. Името на Гриселда Бланко било застрашувачко дури и само ако некој го изговори, а малкумина мафијаши ризикувале да ѝ се испречат на патот.
Гриселда Бланко била застрашувачка и авторитативна личност која не дозволувала никој да ѝ се меша во работата. Таа водела огромна колумбиска кокаинска мрежа и ги елиминирала сите што ѝ се испречувале на патот. За неа се вели дека е одговорна за смртта на 250 луѓе, меѓу кои и нејзините тројца поранешни сопрузи.
Таа заработувала и по 64 милиони евра месечно со шверц на дрога во САД. Приказната за нејзиниот мрачен, но импресивен живот станува основа на филмовите, така што во еден филм ја игра Кетрин Зета Џоунс, а во друг Џенифер Лопез.
Но, да се вратиме на почетокот! Гриселда е родена во Колумбија. Нејзината мајка била проститутка и алкохоличарка. Ја тепала својата ќерка уште од рана возраст. За да заработи за живеење, девојчето копало гробови за загинатите за време на граѓанската војна во земјата. Била вклучена во проституција и кражба. Се верува дека првото убиство го направила на 11 години, помагајќи им на напаѓачите да киднапираат 10-годишно момче. Таа го застрела детето, затоа што неговите родители не платиле откуп.
На врвот на својата кариера таа имала богатство од над 1,5 милијарди евра. Гриселда имала група атентатори наречена Лос Пистолерос. Таа им наредувала да ѝ носат делови од телата на жртвите како трофеи. Таа лично застрелала двегодишно момче, син на нејзиниот непријател. И покрај големиот број убиства, таа била осудена за само три од злосторствата, на 13 години затвор. Кога полицијата влегла да ја уапси таа ја читала Библијата.
Гриселда била наречена Црна вдовица заради нејзината поврзаност со смртта на нејзините тројца поранешни сопрузи. За првиот сопруг најмила убиец затао што имале деловни конфликти, вториот сопруг Алберто Браво ја вклучил во бизнисот со дрогата, а при караница таа го застрелала во главата. Третиот сопруг Дарио Сепулведа, ја напушти Гриселда во 1983 и го киднапирал нивниот син Мајкл Корлеоне. Таа го убила својот последен сопруг во Колумбија.
Таа уживала во луксузен живот и често одржувала оргии и имала огромен број на љубовници. Сепак, по ослободувањето од затвор, Гриселда ги прекинала комуникациите со подземјето. Таа била депортирана во Колумбија во 2004 година. Потоа таа се свртела кон религијата и се преселила во Меделин, каде што живеела до нејзината смрт во 2012 година.