Грк, Бугарин и Македонец пиеле алкохол во арапска земја (виц)
Фатиле Грк, Бугарин и Македонец како пијат алкохол во арапска земја. Секој од нив го осудиле на по 50 удари со камшик. Бидејќи се странци, на секој од нив му дозволиле да си посака по една желба пред казната, а на Македонецот, бидејќи Заев инвестирал многу пари таму, му дозволиле 2 желби.
Гркот прво рекол:
„Врзете една перница на мојот грб.“
Врзале перница, но после првите 25 удари со камшикот, перницата се распаднала, па Гркот си добил убав ќотек.
Бугаринот кога го видел тоа, рекол:
„Моја желба е да ми врзете 2 перници на грбот.“
Му врзале 2 перници и сите 50 удари завршиле по перниците.
На крај Македонецот вели:
„Мојата прва желба е наместо 50, да ми удрите 100 камшици.“
Арапите зачудени го прашале:
„А која е твојата втора желба?“
Македонецот рекол:
„Мојата втора желба е да ми го врзете Бугаринот на грбот.“

Коментирај анонимно