Гробишта на тенкови и борбени авиони: Што остана од военото оружје на поранешниот СССР?

Московскиот фотограф и менаџер на социјалните мрежи Лана Сатор патуваше низ Русија за да ги сними остатоците од неверојатното оружје на поранешниот Советски Сојуз, како и тајните складишта за оружје и хангари за борбени авиони.

На далечниот исток на земјата, таа направи фотографии на кои се прикажани повеќе од 1.000 тенкови кои биле напуштени и оставени да пропаднат по распадот на СССР.

Таа открила и два МиГ-23 во оддалечена воена база, кои биле оставени на немилост на времето, како и десетици фрлени хеликоптери.

Руските љубители на военото оружје можат да купат дел од овој арсенал. Но, продажбата е можна само кога топот е блокиран и митралезите се отстранети. Можеме само да заклучиме колку ни е драго што овој куп оружје не е во функција.