Група луѓе скокнаа од нивните автомобили за да го расчистат патот за амбулантно возило

Ова е момент што го затоплува срцето, група луѓе скокнаа од своите автомобили и ги поместија препреките од патот за да може да помине возило на брза помош.

Болничарите во возилото за итни случаи го снимиле љубезниот чин откао заглавиле зад голем број пластични конуси на патот.

 

Конусите и патните знаци, кои блокираа лента на двоен коловоз во Бракнел, Англија, беа брзо преместени на страна од патот откако возачите ја сфатија итноста на ситуацијата.

Видеото на социјалните мрежи го сподели брат на возачот на брза помош, кој напиша: „Како што некои од вас веќе знаат, мојата постара сестра Киа е возач на брза помош, овој клип беше снимен денес“.

„Дали тоа не ви ја враќа вербата во човештвото? Браво за тие луѓе“.

На видеото може да се види како шест лица смирено но брзо излегуваат од своите автомобили за да го расчистат патот.

За само 15 секунди пречките беа тргнати и брзата помош можеше да продолжи со возење.