Група риболовци не очекувале дека среде океанот ќе пронајдат вакво нешто

Семејството било на патување со Still Flyin Charters кои организираат патувања за риболов надвор од Пердидо. Сите очекувале дека ова ќе биде само еден риболов со семејството, но навидум обичниот ден добил интересен пресврт. Екипажот и присутните одеднаш слушнале „плач“ кој доаѓал од водата.

Бидејќи веќе биле среде океанот навистина се зачудиле што би можело да биде. Кога погледнале во водата забележале мало жолто маче кое се мачи да остане на површината на водата. Со оглед на тоа дека мачките мразат вода, прво што секој ќе се запраша е: „Како по ѓаволите мачка завршила во океанот?“

Екипажот веднаш со помош на мрежа ја извадил мачката од водата, ја исушиле и ја однеле на брегот. Мачката се опоравува и сега е во добри раце. Иако вработените од Still Flyin Charters ѝ нашле дом сепак таа не сака да се раздели од нив, па сопственикот на Still Flyin Charters, Стив и неговата сопруга сѐ уште се грижат за неа.

Мачето сѐ уште се плаши од луѓе па не успеваат многу да се играат со него. Но, велат дека полека се опушта, а планираат да му го дадат името „Лаки“, затоа што имал толку среќа да преживее.