Група шегаџии одлучи да им ја донесе кармата на големи измамнички компании кои заработуваат милиони од невини луѓе
Сигурно на секој од нас во одреден момент му се јавиле од некој кол центар претставувајќи се лажно за да го убедат да купи некој производ или пак да смислат приказна за да извлечат пари од него. Ваквите измамнички центри постојат низ целиот свет, но Индија е рај за нив.
Во Индија има огромни компании кои навидум изгледаат како легални бизниси, но всушност примарната цел им е да извлечат пари од луѓето со измама. Главните жртви секако им се постарите и изнемоштени лица. Според истражувачите од видеото некои од вработените заработуваат плата од 7.000 до 15.000 долари, што е неверојатен износ, особено за Индија.
Затоа група на шегаџии од САД одлучи да се упати на сериозна мисија и малку да ги заплаши овие институции. Тие таргетираа три компании и иако на почетокот им беше тешко затоа што неколку пати беа разоткриени на крајот планот им успеа. Со помош на кутија бубашваби, димна бомба, светки и лименка со гасови ги заплашија не само тие три туку сите фирми за измама во Индија.
Откако не работеле одредено време компаниите потоа почнале ригорозни проверки за влез, со цел да не дозволат да бидат издадени. Момците од видеото го имаат целиот материјал кој дефинитивно би ги срушил овие компании, но изгледа на Индија не ѝ е многу гајле за овие бизниси.