Група студенти се обидува да ги зачува неверојатните напуштени термални бањи во Херкулан, Романија

Дали некогаш сте помислиле дека сте премногу мали за да направите промена? Ова ќе ве предомисли. Приказната е за група студенти по архитектура кои се обидуваат да ја спасат најубавата напуштена спа-зграда во Романија и можеби во цела Европа, бањата Херкулан. Сè започнало со прашањето „Што можеме да сториме? Како можеме да ја спасиме? “ и голема доза на храброст и идеализам.

„Работевме две години за да развиеме технички проект и да го одобриме – ги истраживме сите 62 единечни простории за третман во три слоја, ја скениравме главната фасада и главниот пристап со помош на две компании, мапиравме деградација со кумулативни 265 табли за деградација, направивме точни истражувања на градбата и ги документиравме деталите и украсите. Поминавме часови замрзнувајќи се меѓу прекрасните сронети sидови, работевме напорно за да ги убедиме специјалистите да се придружат на нашата кауза, го промовиравме проектот на социјалните мрежи и се обидовме да вклучиме што е можно повеќе млади луѓе.“, велат студентите.

Иако судентите биле целосно подготвени да се посветат на целта, административните работи почнале да ги саботираат. Додека тие се обидувале да се убедат со локалните власти дел од градбата паднал.

„Бевме исплашени, но тогаш се случи нешто извонредно. Над 2500 луѓе од граѓанското општество придонесоа и ни помогнаа да собереме 18000 евра за само три недели, а двајца приватни спонзори донираа 40000 евра, така што успешно собравме 58000 евра од 103000 потребни. Започнавме со градилиштето и првата фаза беше извршена во ноември 2019 година и беше успешно завршена.“, велат студентите.

Нив уште ги чека долг пат, но се надеваат дека на крајот ќе успеат не само да го зачуваат, туку и да го реставрираат ова национално богатство.