Ѓубреџијата Перо и полицајците (виц)
Ѓубреџијата Перо ја чисти улицата и наидуваат двајца полицајци. Едниот го прашува:
– Кажи ми Перо, во кое школо учеше ти?
– Па во средно ѓубреџиско – одговара засрамено Перо.
Полицајците почнуваат на цел глас да се смеат.
– Па нели знаеш дека во тоа школо одат само глупаци и будали?
– Знам.
– А знаеш ли што стануваат кога ќе завршат тие „ученици“? – истиот полицаец продолжува да го зафркава.
– Па ѓубреџии – одговара Перо, веќе црвен од срам.
Другиот полицаец замислено го прашува:
– А што ли работат тие што нема да успеат да завршат средно во вашето училиште?
– Е, па тие ги примаат во полиција.
Normalno + 5 000 e vo prav dzep
puta deset, ako e so meko LJ, i ako e pilot so LJicenc
Коментирај анонимно