„Гучи“ со нова колекција за вашите сакани миленичиња. Купете му на вашето куче кошула за 650 долари, или пак носач за само 3650 долари!

Сите што имаме домашно милениче, не сакаме ништо повеќе за него освен да му го пружиме најдобриот живот што може да го има. А она што е поврзано со добриот живот на домашното милениче е она што му го купуваме. Но, дали Гучи е најдоброто нешто што им треба? Да го завршиме воведот со една наша народна: „Додека има овци, ќе им и кој да ги стриже.“

Гучи го прошири својот бренд за нашите крзнени, лушпести и пердувести пријатели

Гучи е еден од најголемите италијански брендови, кој продава скапа облека на богати луѓе кои сакаат на нивните облеки  да стои големото „G“, но неодамна решија дека тоа можат да го направат и за милениците на овие богати луѓе. Значи, ако случајно сте неверојатно богата личност со домашно милениче, која ја чита оваа статија, тогаш продолжете да читате за да видите што сè можат да ви понудат!

Зошто само луѓето да мораат да се облекуваат скапо? Подарете му на своето милениче гардеробер полн со брендирана облека и додатоци!

Погледнете го тоа розево елече? Со џебови и патенти… преслатко, зар не? Само 800 долари. Добро потрошени пари.

Мора да се признае дека ова е пресладок комплет. 460 долари вреди секое парче посебно

Дали мислите дека вашето кученце ќе изгледа слатко во ова? Дали би било по негов вкус?

Шапка и кошула што го претвораат секое куче во пудлица. 380 долари шапка, 650 долари кошула

Можеби ова е одлично за куче со кратки влакна во зима? Изгледа топло.

Чинија со кралски изглед за само 565 долари

Не знаеме што би ставиле овде искрено…

Не заборавајте дека садов има и капак, кој чини 895 долари

Зошто капакот чини повеќе од садот? Веројатно тој е јаготката на шлагот, доказ за префинетост.

Модерна чанта за да го соберете во неа отпадот на вашето милениче!

Сега е време да покажете вистински стил кога го собирате изметот на вашето куче. Направете го тоа со стил, во ова фамозно торбиче кое чини 46о долари. Немаме коментар…

И доаѓаат нашите омилени, креветчиња!

Овие креветчиња чинат многу повеќе отколку кревети за луѓе. Би го делеле ли со вашето милениче? Чини само 7500 долари.

И секако, носачи од 3650 долари!

Ова е малиот носач…колку ли чини големиот?

На вас останува одлуката…

Доколку имате вишок пари и би ги потрошиле на скапа торбичка за изметот на вашето милениче, во ред, кои сме ние да судиме? Но, сепак не мислите дека е ова малку претерано?

  • deni напиша:

    dodeka ima kompleksashi, ke ima “pametni” da trpaat pari za glup[osti… floskulata, “imam i mi se moze” ili “jas nemozam vo nisto evtino”… e sostojba na kompleksasi, 1000 dolari zagluposti…. rudnikot na rusite za dijamanti da go imam, nema da potrosam na ova sranje, zasto znam deka toa krpce cini 1 dolar, a ne 900, i …”SAMO” “VREDI SEKOE PARCE”…toa kompleksasite neka si kupuvaat, neka si lecat kompleksi

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *