„Гугл“ развива технологија што ќе им помогне на луѓето да можат да зборуваат со делфините
Компанијата Google, во соработка со организацијата Wild Dolphin Project, развива ново „поколение“ на вештачка интелигенција што може да овозможи разбирање на јазикот на делфините. Моделот, наречен DolphinGemma, е дизајниран специјално за превод на сложените звуци што делфините ги користат за меѓусебна комуникација.
Кој не би сакал да разговара со делфин?
Истражувачите користат обемна база на звучни записи собрани од WDP за да го обучат овој систем во препознавање и толкување на сигналите на животните. Сѐ уште не постои единствено научно мислење дали свирежите и „мимиките“ на делфините се посебни зборови или сложени реченици, но главната цел е машината не само да ги разбере, туку и да може да комуницира со нив на „нивниот јазик“.
Посебна предност на DolphinGemma е тоа што може да функционира и на уреди со пониска моќност, како паметни телефони. Тоа значи дека технологијата би можела да биде достапна за пошироката јавност, овозможувајќи директно проучување на делфините во нивната природна средина.
Коментирај анонимно