Хали Бери откри дека Пирс Броснан ѝ го спасил животот за време на „жешка сцена“ во Џејмс Бонд филмот
Пирс Броснан морал да примени повеќе вештини за добро да ја долови улогата на познатиот таен агент Џејмс Бонд 007. Но, тој не се надевал дека Хајмлиховиот зафат ќе биде една од тие вештини. Поради инцидентот оваа сцена од Die Another Day била избришана од филмот.
Броснан и неговата „Бонд девојка“, Хали Бери требале да снимаат с*кс сцена, а Хали за да ја „вжешти ситуацијата“ почнала на заводнички начин да јаде смокви. Сепак ситуацијата брзо излегла од контрола откако актерката почнала да се гуши поради една од смоквите.
„Требаше да го видите! Џејмс Бонд знае како да го направи Хајмлиховиот зафат. Пирс беше таму за мене. Тој секогаш ќе биде еден од моите омилени луѓе во светот.“, кажа искрено Хали Бери во онлајн интервју во The Tonight Show.
Најверојатно на Хали Бери ѝ е било потребно време да си ги собере мислите по инцидентот, но секој кој го гледал филмот знае дека нејзината привлечност е неизбежна.