Хаос на стадионот на Манчестер Јунајтед: навивачите упаднаа на „Олд Трафорд“, ги поздравија сопствениците на клубот со огномет

Навивачите на Манчестер Јунајтед решија заедно да ги потсетат сопствениците дека клубот не го поседуваат тие, туку е на навивачите. Тие не се задоволни од иницијативата на сопствениците на клубот за создавање на Суперлигата. Секако се работеше само за пари, па затоа навивачите решија да им одржат лекција со протести надвор од Олд Трафорд. Некои навивачи успеаја да влезат на стадионот и решија да го одбележат надстанот со неколку огномети.