Харли-Дејвидсон го претстави својот прв електричен велосипед

Познат е по своите мотоцикли во тешка категорија, но дури ниту Харли-Дејвидсон не може да остане имун на електричната треска. Сега, легендарниот производител на мотоцикли ја откри својата сосема нова марка ebike, со плановите компанијата да ја лансира својата прва линија производи, електрични велосипеди на почетокот на следната година.

„Serial 1 Cycle“ е нова марка посветена на електрични велосипеди и започна како проект во центарот за развој на производи на Харли-Дејвидсон. Името е земено од првиот мотор на Харли наречен Serial Number One кој дебитираше во далечната 1903 година и во суштина беше велосипед со бензински мотор.

Новиот електричен велосипед го има истиот целосен изглед како и оригиналот – комплетно со бели гуми и кафеаво кожно седло – но доаѓа со покомпактен електричен мотор на местото на бензинскиот. Компанијата наводно, планира да инвестира 150-180 милиони американски долари во развој на електрични возила во следните две години.