„Хемиската кастрација не е доволно болна за педофилите!“ Новиот предлог закон на пратениците во Казахстан наложува отстранување на гениталиите на педофилите, со цел поболно искуство за криминалците

Казахстан донесе предлог закон со којшто на педофилите хируршки ќе им се отстрануваат гениталиите. Тоа следи по поплаките од пратениците дека системот на хемиска кастрација – еден од најтешките во светот – не ги одвраќа сексуалните престапници на деца.

Елнур Бејзенбаев, пратеник и извршен секретар на владејачката партија Аманат, рече дека владата е „без кичма“ и ги помилува педофилите затоа што не инсистирала на „хируршка кастрација“.

 

 

„За жал, сексуалните злосторства врз децата се случуваат сè почесто“, рече тој, сугерирајќи дека хемиската кастрација – која го намалува машкото либидо преку инјектирани антиандрогени лекови – не е ефикасна. Со тоа што ќе му дозволиме на силувачот да си замине на слобода, ние му дозволуваме повторно да го направи истото“, додаде тој.
„За тоа сведочи смртта на малиот Еркижан во Саријагаш“.

Еркежан Нурмахан (5) бил намамен во куќата на педофил откако тој и понудил пари за сладолед. Убиецот Саидолим Гајбназаров (48), кој имал претходни пресуди, бил осуден на доживотен затвор и хемиска кастрација.

 

 

„Владата вели дека нашиот амандман за хируршка кастрација на педофилите ги крши човековите права“, рече пратеникот, татко на четири деца, кој има намера да продолжи да притиска за новиот закон.

„Не предлагаме да се примени на сите педофили, но би сакале да им дадеме на судовите можност за хируршка кастрација. Ако нападот на педофилот е особено суров, верувам дека мора да се примени хируршка кастрација… Имаше околу 430 злосторства од ваков вид извршени врз нашите деца во последно време. Нашата влада го демонстрира својот „недостаток на ‘рбет“ со тоа што не одобрува хируршка кастрација. Верувам дека тие не се човечки суштества“.

Тој зборуваше за друг случај каде што „татко од Алмати кој две години ја силувал својата ќерка доби само 20 години затвор“.

Тој рече: „Ова е глупост. Криминалците како него треба да се соочат со доживотен затвор и медицинска кастрација. Тоа испраќа порака до сите педофили и други криминалци од сличен тип, дека ова грозоморно злосторство ќе резултира со физичка кастрација по судски налог“.

Казахстан веќе неколку години работи со систем на присилна кастрација за педофили. Сексуалните злоставувачи на деца беа прикажани на казахстанската телевизија како раскажуваат за нивната болка по присилната кастрација.

 

 

Еден рече: „Знам дека тоа е штетно за моето тело. Знам дека тоа ќе влијае на моето здравје во иднина“.

Друг рече: „Сега ми е жал што направив такво злосторство“.

Сепак, има критичари на овој предлог.

Активистката за човекови права Дина Тансари рече дека педофилите остануваат опасни при ослободување дури и по хемиската кастрација.

„Неказнувањето предизвикува нови злосторства“, рече таа.

 

 

„Ниту една хемиска кастрација нема да помогне… Мораме да го земеме предвид фактот дека лекот што се користи во оваа процедура многу лесно се отстранува од телото. Лекарите велат дека неговото дејство може да се неутрализира со алкохол. Верувам дека ова е губење на јавните средства“.

Заменик-министерот за внатрешни работи Игор Лепиха вели дека хируршката кастрација е „контроверзна“.

„Во однос на етиката и човечката страна на прашањето, тоа е навистина многу комплицирано“, рече тој.

„Покрај тоа, зборуваме дека овие криминалци се затворени доживотно – така што тогаш нема смисла кастрацијата“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *