Херој на нашето време: Мајкл Гиргис од Сиднеј стана херој во својот град заради една необична случка

Мајкл Гиргис од Сиднеј изјави дека е преплавен со пораки откако во вторникот објавил фотографии од „стари“ пакувања тоалетна хартија и прашал дали на некој му се потребни.

Тој вели дека оргомната количина на тоалетна хартија ја пронашол во стариот магацин на неговиот татко кој ги оставил таму ролните во 1980-тите и 1990-тите.

Мајкл објавил на Фејсбук дека ќе ја донира хартијата на оние на кои им е потребна и бил преплавен со барања од луѓе. „Не знам како да им дадам приоритет на кого да им дадам. Очигледно, најпрво треба да бидат згрижени постарите и обесправените. Имам список од околу десет места за да одам и да доставувам некои ова попладне “, вели Мајкл.

Неговиот татко кој починал пред една деценија поседувал продавница и ова бил неговиот магацин. Мајкл вели дека претпоставувал дека таму некаде има тоалетна хартија но, не очекувал дека ќе најде околу 300 ролни.

Неговиот татко Соби Гиргис се доселил во Австралија од Египет кон крајот на 1960-тите и живеел во предградието со многу други имигранти.

Мајкл повторно потенцира дека нема да наплаќа за тоалетната хартија и дека веќе контактирал со хуманитарно друштво за тоалетот да биде доставен таму каде што е најмногу потребен.