Херој: Храбра мајка го спречува манијакот што ја гледал ќерка ѝ пред нејзината куќа, не чекајќи на полицијата да интервенира (ВИДЕО)
Нема граници за тоа што една мајка би направила за да ги заштити своите деца, како што докажува мајката Филис Пена од Лејк Џексон, Тексас. На 31 јануари 2021 година, рано наутро се вратила дома и забележала сомнителна фигура што гледала низ прозорецот на нејзината 15-годишна ќерка, која во тој момент не била во собата. Пена повикала полиција, но кога тие пристигнале, осомничениот се обидел да избега. Без двоумење, таа го пресретнала и го соборила на земја.
Инцидентот бил снимен со камера, а полицајците биле импресионирани од нејзината акција.
„Еден од полицајците ме поздрави и рече: „Слушнав дека на Тексанс им треба нов полицаец”.
Командантот Рој Велч истакнува дека е реткост граѓанин да се изложи на ризик за да помогне во апсење на осомничен. Осомничениот, Зејн Хокинс (19), бил уапсен за поседување забранети супстанции и обид за бегство и отпор при апсење, со можност за дополнителни обвиненија.
„Моите деца се мојот живот и приоритет ми е да ги заштитам” вели Пена.
Иако таа го покажа своето храбро срце, останува предупредувањето дека вакви ситуации се ризични и најдобро е полицијата да ја заврши својата работа.
Коментирај анонимно