Херој на денот: Бремена жена нурнала во океанот за да го спаси сопругот од ајкула

Маргот Војвс-Еди била на брод заедно со нејзиниот сопруг Ендру Еди, нејзините родители и другите членови на нејзиното семејство кога се случил инцидентот во близина на гребенот Сомбреро.

30-годишниот Ендру случајно се лизнал од задниот дел на бродот и паднал во водата. Додека да се освести што се случува го нападнала ајкула, за којасе претпоставува дека била ајкула бик и откако го гризнала за рамото во водата почнала да се шири крвта на младиот човек.

Бремената Маргот не размислувала многу и веднаш скокнала во водата за да му помогне на сопруот, занемарувајќи ја сопствената безбедност. Благодарение на брзата реакција на Маргот, животот на Ендру бил спасен, а веднаш потоа бил однесен на најблиската плажа каде што го чекала медицинска екипа.

Повредата на рамото на 30-годишниот маж била сериозна и тешка и поради тоа од плажата со хеликоптер бил префрлен во болница. Претходно во водата пред да падне Ендру пливале и сестрата на Маргот и нејзиното момче, но за среќа тие не биле повредени од ајкулата.