Херој на годината спасил пет заспани деца од запалена куќа пред да пристигнат пожарникарите (ВИДЕО)
Николас Бостиќ (25) возел во Лафајет, Индијана, нешто по полноќ на 11 јули кога здогледал куќа во пламен, а никаде немало амбулантни возила ниту пожарна.
Бостиќ успеал да влезе низ задната врата која била отворена и почнал да проверува дали има некој во домот, се вели во соопштението. Кога се качувал горе, нашол четири деца — на возраст од една до 18 години — како спијат и ги разбудил помагајќи им да избегаат од домот.
Потоа дознал дека во домот има уште едно 6-годишно девојче и повторно се вратил во куќата за да го најде. Го нашол девојчето меѓутоа пожарот бил толку распространет што морал да скокне од прозорецот на вториот кат заедно со девојчето. Морал да го скрши прозорецот со рака и така се здобил со длабока рана на раката.
„Се обидов да ја најдам задната врата, но не можев да ја најдам и не сакав да губам време“. – изјави Бостиќ.
На драматичното видео се гледа моментот кога пожарникарите пристигнуваат во домот, а потоа Бостиќ како излегува од домот со девојчето во раце..
„Дали е бебето, добро? Кажи ми дека бебето е добро“, прашува Бостиќ додека лежи на земјата во болки. Полицаец му потврдува и му вели: „Добро си направил, пријателе“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно