Херојска борба за бидермаер во Босна! Три девојки завршија на подот, а Интернетот е преплавен со видеа од нивниот „резил“
Социјалните мрежи беа преплавени со снимки од свадба во Босна и Херцеговина, кои предизвикаа бурни реакции. Очигледно се било нормално, сите чекале невестата да го фрли бидермаерот, а потоа следела вистинската драма. Борбата за бидермаерот беше херојска!
Како што можете да видите на видеото, неколку девојки се подготвуваат да го фатат бидермаерот, а кога невестата го фрлила настанува вистински хаос. На крајот во жарот на тепачката трите девојки завршија на подот.
До крајот на видеото не беше јасно која од трите девојки победи во оваа „борба“, сепак јасно е дека на некои оваа ситуација им беше смешна, а на некои крајно непријатна.
Коментирај анонимно