Херојското куче Буфорд спаси 2-годишно дете што залутало 11 километри низ дивината на Аризона

Децата понекогаш се губат, но ретко завршуваат во ваква филмска ситуација – и уште поретко се спасени од куче.

Во рурална Аризона, на 14 април, 2-годишниот Боден Ален исчезнал од својот дом во местото Селигман, носејќи само пижами. Излегол сам и се оддалечил дури 11 километри низ карпеста и опасна пустинска област, каде што истата вечер биле забележани и планински лавови.

Иако веднаш била организирана масовна потрага со 40 спасувачи и полицајци, 16 часа подоцна немало никаква трага. Токму кога надежта почнала да се губи – се појавил Буфорд.

Буфорд, големо и добродушно кучиња од расата анатолски пиринејец, кое живее на блиска фарма, го пронашло Боден. Малиот најверојатно следел далновод и завршил на фармата на човекот на Буфорд, Скоти Дантон. Детето било најдено како спие под дрво, заморено, исплашено и гладно.

„Тргнав за во град и го видов моето куче како седи на влезот. Погледнав подобро – и до него стоеше детето,“ изјави Дантон за шерифската канцеларија.

 

Боден бил веднаш згрижен, нахранет и напоен, и освен неколку ситни гребаници бил во добра здравствена состојба. Сега е безбеден и назад со своето семејство, кое не може да се начуди на чудото што се случило.

Буфорд, пак, стана почесен член на тимот за потрага и спасување на округот Јавапај и доби специјален елек. Од целиот свет пристигнуваат подароци: играчки, грицки, пофалби – сè за овој херој со четири нозе.

„Ова е приказна за вера“, рече таткото на Боден, Кори Ален – и вистински потсетник колку важна може да биде една заедница, човечка или кучешка.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *