Хирург извадил клучеви, ноктарец и нож од стомакот на младо момче – еве зошто лекарите веруваат дека социјалните мрежи се виновни за ова

Лекарите во Индија биле изненадени откако извадиле клучеви, ножици, па дури и нож од стомакот на едно младо момче, за кое се верува дека имало околу 20 години. Неговата рентген снимка стана вирална, откако беше објавена во медиумите.

 

 

 

Проблемот со стомакот на момчето излегол на виделина, откако мајката на неименуваниот пациент забележала дека ѝ недостигаат клучевите од плакарот во нејзината гардероба.
Кога го прашала нејзиниот син каде се, тој рекол дека го проголтал клучот – изјава што таа првично ја сфатила како шега.

Меѓутоа, без да знае во тоа време, младиот маж навистина го проголтал клучот. Таа сфатила дека тој не лаже откако го транспортирала во болницата во Мотихари, Бихар, каде на ултразвукот било откриено дека тој ги проголтал споменатите клучеви заедно со други предмети што не се јадат.

 

 

 

За време на операцијата што следела, хирургот д-р Кумар и неговиот тим, исто така, извадиле ноктарец и мал нож на преклопување. И покрај деликатната природа на операцијата, пациентот наводно добро закрепнува.

Неговата мајка го обвини за бизарниот трик од социјалните мрежи, тврдејќи дека неговото ментално здравје било засегнато од преголемото време што го поминувал пред екраните.

 

 

Д-р Кумар ја потврди нејзината теорија, тврдејќи дека постапките на момчето навистина биле под влијание на неговата прекумерна употреба на паметниот телефон и она што го гледал како тренд.

Официјалната дијагноза на момчето останува мистерија.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *