Хирург од Белград: „Јавно се одрекувам од колегите кои му дозволија на Вучиќ да влезе на интензивна нега кај изгорените пациенти. Тоа е срамна политичка пропаганда“

Владимир Дугалиќ, професор на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациентите на интензивна нега претставува „срамна политичка пропаганда“

Дугалиќ нагласи дека понекогаш му е жал што е дел од медицинската струка кога гледа како некој „пушта ненадлежен човек без заштитна капа“ во интензивната нега, каде што е строго забранет пристап дури и за членовите на семејствата на пациентите.

Професорот истакна дека „изгорениците се отворени рани“ и дека пациентите, кои се жртви на пожарот во Македонија, се „животно загрозени“.

Поради тоа, тој јавно се откажува од „колегите кои дозволиле Вучиќ да влезе во интензивната нега“, оценувајќи дека тоа претставува учество во политичка пропаганда која директно ги загрозува животите на луѓето.

 

 

Дугалиќ додаде дека во таа политичка пропаганда учествува и министерот за здравство, Златибор Лончар, за кого, според него, „веќе не може да се има доверба, бидејќи е послушник на власта“.

На прашањето како е можно лекарите на УКЦ да дозволат Вучиќ со голи раце да допира пациенти со животно загрозувачки изгореници, Дугалиќ одговори дека тој и неговите „нормални колеги“ се згрозени и повтори дека се откажува од колегите кои учествуваат во ваков вид политичка пропаганда што може да го загрози животот на пациентите.

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *