Хирурзи разбудија пациентка за време на операција на мозокот и ѝ кажаа да свири на ВИОЛИНА, а еве и зошто

Иако во овој момент изразот „сестро дај ми ги инструментите“ звучи прилично смешно сепак станува збор за сериозна работа. Една жена дала неверојатен музички перформанс, откако хирурзите ја замолиле да свири виолина за време на операцијата на мозок. 53-годишната Дагмар Тарнер била разбудена од лекарите во операционата сала и ѝ подале виолина. Сепак ова не го направиле за да си уживаат во музиката додека работат туку од една многу важна причина.

На овој начин избегнувале да оштетат витални делови од мозокот за време на деликатната операција. Г-ѓа Тарнер, професионален музичар од Велика Британија, беше подложена на операција за отстранување на мозочен тумор на почетокот на февруари.

Откако подлежи на општа анестезија за првиот дел од операцијата, г-ѓа Тарнер потоа се разбуди и беше замолена да свири на својот инструмент за да може да се следат нејзините движења на рацете.

Лекарите веќе добро го мапирале мозокот со помош на скенирања, така што знаеле кои области да ги избегнат за да ги заштитат нејзините фини моторни вештини, но нејзиното свирење на инструмент за време на операцијата обезбедило друго ниво на заштита.

Лекарите знаеле веднаш кога ја завршиле операцијата, дека ја задржале целосната функција на мозокот Г-ѓа Тарнер, додека таа продолжила да свири. Тарнер била на нозе само 3 дена по операцијата и сега се чувствува одлично.