„Хофбројхаус“: Најпознатата пивница во Минхен има мрачно минато кое започнало на денешен ден

Доколку одите во Минхен треба да ја посетите најпознатата пивница „Хофбројхаус“. Веднаш штом ќе влезете внатре се чувствува весела атмосфера. Келнери облечени во Ледерхозен им служат литри пиво на гостите, а бендот свири класични песни за пиење. Никогаш не би се посомневале дека пивската сала има темни корени, но сепак повеќето туристи несвесно пијат пива во интегрално историско место на нацистичката историја.

Дали сте знаеле дека „Хофбројхаус“ е местото каде што Хилтер го одржа својот прв говор пред нацистичката партија. Додека на долниот кат е забавата горната „Фестивалска сала“ останува тивка.

На 24 февруари 1920 година, Хитлер и националсоцијалистите го одржаа својот прв состанок во „Хофбројхаус“ во Минхен. За време на овој собир, Хитлер ја претстави нацистичката партија „Програма со дваесет и пет точки“ (политички манифест што ја претставува филозофијата и деструктивната мисија на партијата) во Фестивалската сала пред 2.000 луѓе.

„Хофбројхаус е исто така местото каде што Хитлер јавно ги осуди Евреите и го одржа својот неславен говор „Зошто сме антисемити“. Всушност пивницата одиграла толку централна улога во доаѓањето на Хилтер на власт што тие секоја година на годишнината ќе го славеле основањето на нацистичката партија, токму таму.

Германците денес не се горди на вакво нешто, па нема знаци кои покажуваат каде е Фестивалската сала. Таа се наоѓа на третиот кат од пивницата.

Денес „Хофбројхаус е најпопуларна и најголема пиво сала во Минхен и игра голема улога во историјата на градот. Освен пиво тука се служи и одлична вкусна храна како познатите колбаси, шницли и печено пилешко. Така што доколку се занемари мраќната историја местото нуди прилично убави спомени за еден турист.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.