Хоја Бациу: Страшна трансилванска шума која малкумина би ја истражувале сами
Оваа статија не е за секого и можеби не треба да ја читаат страшливите. А сите што имаат „храбро срце“, нека се препуштат и уживаат во читањето на интересните факти што ги пренесуваме од порталот Independent за страшната шума среде Трансилванија, од која повеќе ќе се плашите отколку од грофот Дракула.
„Ние сме во средината на Чистината (намерно со големи букви). Овде нема дрва, а според достапните записи, тука никогаш ништо не пораснало ништо. Откако првпат дојдов овде, најдов 60 луѓе кои се обидуваат да влезат во друга димензија“, објаснува водичот Алекс. Ова е почетокот на репортажата на британскиот новинар на Independent за споменатата, страшна шума.
Шумата Хоја Бациу се наоѓа во близина на вториот по големина град во Романија, Клуж-Напоце. Ја нарекуваат најстрашната шума на светот, а Чистина, според водичот, е најстрашното место во целата шума. Тоа им пркоси на истражувањата на научниците и привлекува романски вештерки, Американци со мечеви и луѓе кои се обидуваат да ја исчистат шумата од злото преку јога.
За странците, пак, првата асоцијација на страв во Романија е Влад Тепеш, или грофот Дракула. Но, туристите кои доаѓаат во Романија поради искуството со Дракула, најверојатно ќе заминат разочарани, бидејќи Дракула овде е национален херој. А замокот Бран, најистакнатата атракција на тема Дракула, има прилично слаба врска со работата на Брам Стокер. Затоа „стравот“ треба да се бара во оваа шума.
Шумата го добила името по овчар кој исчезнал во шума со стадо од 200 овци, а Хоја Бациу го привлече меѓународното внимание во 1968 година кога Емил Барнеа, воен техничар, фотографирал како што тврди НЛО како лебди над Чистината. Она што ја издвојува оваа приказна од другите тврдења за НЛО е дека Барнеа не можел да добие многу со објавување и можеше да изгуби сè. Комунистичката влада верувањето во паранормалното го изедначила со лудило и државна саботажа, а Барнеа останал без работа.
Денес, посетителите на шумата пријавуваат чудни симптоми како гадење, анксиозност, чувство дека некој ги демне – и дефект на електронските уреди. Сепак, самиот водич предупредува дека не е сè вистина, но сепак во шумата – не планира да спие. Тој вели дека немал премногу страшни искуства со туристи, но дека неговиот колега Мариус немал толку среќа, па еднаш во шумата однел човек кој кажал прилично морбидни работи и нагласил дека сака да гледа како умираат луѓе и слично.
Инаку, Мариус е познат во Јапонија заедно со Алекс, а нивниот документарен филм за лов на духови го погледнале повеќе од 20 милиони луѓе. Во секој случај, новинарот на Индепендент се врати од шумата жив и здрав, а ако патот до шумата однесе некој од вас, задолжително известете ни ги вашите искуства.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.