Холандската полиција го објави ова видео од најголемата фабрика за кокаин откриена во едно идилично селце во Холандија

Кој би се посомневал дека во малото и мирно селце Нијевен во областа Дренте во Холандија се крие фабрика за кокаин со капацитет да произведува 150 до 200 кг бел прав на ден, чија што улична вредност е од 4,5 до 6 милиони евра. Уште еднаш да нагласиме, НА ДЕН! Колку биле алчни сопствениците, нема потреба да се објаснува. Холандската полиција го објави видеото од фабриката и од апсењето на „хемичарите“.

Освен Холанѓани, во групата од 17 луѓе имало и Турци и Колумбијци, се разбира.