Холандската полиција во хумана мисија да исполни желба на дете што му преостанале денови живот
Судбината за малата 9-годишна Клои од Холандија е многу тешка. Нејзините денови се избројани затоа што боледува од последна фаза на рак, а за да работите бидат полоши нејзините родители немаат пари за пристоен погреб, кој е неизбежен.
Сепак откако родителите ја открија приказната за нивната ќерка, добронамерни луѓе донираа средства и семејството собра 20.000 евра за погребот.
Исто така холандската полиција реши да му го разубави денот на девојчето. Тие пристигнале во болницата каде што е сместена „Принцезата Максима“ и со специјална придружба ја однеле во седиштето на полицијата каде што таа поминала интересен ден со нив.
Клои само знае дека се собираат донации за неа, но всушност не е свесна за што ќе бидат наменети тие донации. Нејзините родители не сакаат да ја оптоваруваат со толку тешки моменти и ја оставаат да ужива во деновите кои ѝ преостанале од животот.