Холандскиот рапер ќе вози точак 2,5 години, заради ова видео на кое лудува со Ауди со 300 км/час

Видеото се рашири на социјалните мрежи и стигна и во рацете на полицијата. Целиот чалам заврши на суд и судијата му забрани на раперот да вози се друго освен велосипед цели две и пол години. Исто така треба да плати и казна од 6.500 евра во форма на донација на организација на жртвите од сообраќајни несреќи.