Холанѓаните си играа нацисти, но тоа многу ги налути властите
Урк е холандски град познат по лудите работи што се случуваат во него. За Урк велат дека и во канализацијата може да се најде дрога, а минатата година младите на градот славеа Нова година еден месец порано. Сега ја преминаа границата откако направија нацистичка забава и ,,погубија” ,,Евреин” на улица како дел од играта. Полицијата го истражува случајот.