Хорор филм во живо! Човекот стана да провери чудни звуци на таванот додека е на видео повик со своите пријатели

Скоро во секој хорор филм има некоја личност која оди на таванот или во визбата за да ги провери чудните звуци. Зошто ли го прават тоа кој знае, а да можеби затоа што е филм. Во реалниот живот многу луѓе не би го направиле тоа сами. Сепак Роб Саваж решил да се препушти на филмот.

Роб е голем обожавател на хорор филмовите и откако започна карантинот тој постојано е на Зум и се гледа со своите пријатели. Затоа решил малку да им го промени секојдневието и да се пошегува со нив на начин кој е својствен за него. Додека разговарале на видео повикот Роб рекол дека слушнал звуци на таванот и секако отишол да истражи со вклучена камера. Тој им подготвил и приказна дека со месеци се случувата чудни работи и дека наоѓа храна, а секако пријателите се шегувале со него се додека шегџијата не им го направи ова…