Хорор или реализам? Еве како би изгледале Симпсонови доколку навистина постоеја во реалниот живот!

Ние сме навикнати на ликовите на семејството Симпсонови, без разлика дали сакаме да ги гледаме или не а телевизија. Иако мислиме дека и во сон може да ни текне како изгледаат ликовите, уметникот Хосеин Диба ќе го промени тоа. Неговите рекреации на славната екипа се толку добри, што изгледаат како некој што би можеле да го сретнете во реалниот живот.

Турскиот уметник е специјализиран за моделирање, скулптурирање, текстурирање и засенчување на ликовите за игри, кино, 3Д принтање и друго, а неговите вештини се едноставно на следно ниво. Може да се каже дека карантинот е она што го овозможи овој проект.

Карантинот на Диба му овозможи да помине повеќе слободно време на својата уметност и да ги испроба работите што отсекогаш сакал да ги направи, но не можел поради зафатениот распоред.

Марџ Симпсон

Барт Симпсон

Г-дин Барнс

Хомер Симпсон