Хорор изненадување на плажа во Австралија: Огромна тигреста ајкула плива покрај брегот

Преплашените капачи панично избегаа откако го забележаа предаторот на неколку метри од плажата Витфордс во Перт.

Веднаш штом се вклучи алармот, луѓето истрчаа од водата и ги задржаа своите кучиња несвесно да не се фрлат по ајкулата и да не бидат распарчени.

Тигарестите ајкули се тропски ајкули кои достигнуваат должина од 5 метри. Го добиле името по нивните темни ленти, кои избледуваат со возраста.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!