Хорор ремек-дело што го возобнови жанрот: „One Cut of the Dead“ со 100% на Rotten Tomatoes
Филмот „One Cut of the Dead“ е пофален како уникатен, смел и освежувачки пристап кон хорор-жанрот, освојувајќи извонредни 100% на Rotten Tomatoes — редок успех во филмскиот свет. Критичарите го опишуваат како „генијално, крваво и паметно дело“, а љубителите на зомби и фан-футеџ филмови го сметаат за задолжително гледање.
Режисерот Шиничиро Уеда снимил „One Cut of the Dead“ со само 3 милиони јени (околу 18.500 евра), а филмот донесе неверојатна заработка од 3,12 милијарди јени (над 19 милиони евра) само во Јапонија. Тоа го направи најуспешниот филм во однос на вложениот буџет во историјата на јапонската кинематографија.
Филмот започнува како наводно класичен зомби хорор – филмска екипа снима ефтини зомби сцени во напуштена воена база од Втората светска војна. Но, приказната добива неочекуван пресврт кога навистина се соочуваат со вистински зомби напади. Со инвентивна камера без сечење и хумор, филмот стана „љубовно писмо“ до ентузијастите во домашната продукција.
„One Cut of the Dead“ е единствениот „found footage“ филм во историјата со 100% на Rotten Tomatoes. Критичарите го нарекоа „мајсторска лекција по инвентивност и колективен дух на рачна изработка“. Меѓу нив: Austin Chronicle го смета за забавно и искрено остварување, Los Angeles Times за експлозивно духовит, Bloody Disgusting за неочекувано паметна сатира, а IndieWire ја нагласи неговата „еуфорична љубов кон хаосот на жанровската кинематографија“.
„Found footage“ филмови се еден поджанр на хорор (и понекогаш трилер или научна фантастика) каде приказната е прикажана како да гледаме „пронајдена“ или „необработена“ снимка направена од самите ликови.
Режисерот Уеда сведочи како „One Cut of the Dead“ прераснува од маргинален хит во културен феномен. Во почетокот гледан од постари вљубеници во независниот филм, по неколку недели филмот го освои младиот аудиториум и жените. Фановите дури и носат маици со лого на филмот – нешто што Уеда никогаш не го доживеал како независен творец.
Ќе се праам глуп, иако знам што значи, НО ЕТЕ: Што се подразбира под фан-футеџ или found-footage? Дали двете се различни или една иста работа? Зошто истите не ги преведете на македонски јазик?
Ви благодарам редакција.
Истото…
„Found footage“ филмови се еден поджанр на хорор (и понекогаш трилер или научна фантастика) каде приказната е прикажана како да гледаме „пронајдена“ или „необработена“ снимка направена од самите ликови.
Најлошите филмови во животот што сум ги гледал се тие што добиле Оскар или некоја награда!!!
Вкусовите се различни. Башка, бев на сајтот и видов дека “only” 97 посетители му дале оценка 100%! Дали е тоа доволно? Во светот живеат моментално 8,142 милијарди луѓе!!! 110%!!!
Коментирај анонимно