ХОРОР ВО СРБИЈА: Ученик во основно училиште усмрти 9 лица и рани 7, откако влегол со пиштол во училиштето рано утринава
Во страотната трагедија во ОУ Владислав Рибникар во Белград загинати се девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител, откако ученик пукал во училиштето рано утринава.
Повредените деца и наставничката се згрижени во Урегентниот центар во Белград. Од Српската влада највија дека во 13.15 минути ќе се одржи вонредна конференција околу детали за настанот.

„Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околностите што довеле до оваа трагедија“, се наведува во соопштението на МВР.
Пукањето се случило во 8 часот и 40 минути кога седмоодделенец Коста К. отворил оган врз обезбедувањето и учениците. Сето тоа траело 5 минути. Осомничениот ученик по пукањето побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила, за кој велат дека испукал неколку истрели, најверојатно од пиштолот на неговиот татко.
Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот на татко му, го убил чуварот, а точниот број на ранети се уште не се знае.
Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.
„Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почнал да пука во децата кои биле под клупите, а моето дете истрчало надвор“, изјавил таткото на ученичката.
„Никој не знае ништо да каже, сите беа во шок, дојдоа многу полицајци, пукал во чуварите на училиштето“.
Претходно, едно од децата во училницата раскажало дека лежело врз мртвите тела на своите соученици и се преправало дека е мртво за да не настрада. Некои од соучениците сведочат дека ученикот го вперил пиштолот кон сите во ходникот, кога настанала општа паника. Потоа влегол во училница.

„Слушнав пукање, некои ученици веднаш излегоа во ходникот за да видат што се случува. Отпрвин мислев дека нешто се слуша надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов, го видов, дојде и впери пиштол во сите нас“, низ солзи раскажа еден од шокираните ученици.
Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Жалосна случка на која и е местото во дневните весници! Мислам дека Мотика е забавен сајт! Ви предлагам да избегнувате вакви и слични теми! По гледање вести на неколку ТВ канали (!), човек сака да отиде на Мотика да прочита некоја весела вест, а не пак истото! Требаше да објавите и дека политичарите си ги качија платите за 78%, па проблеми во Судскиот совет, па ќе се врати ли ефтина струја…
Коментирај анонимно