Храбар татко влезе во автомобил кон тоне, за да спаси жена која доживеала напад

Не носат сите суперхерои наметки. Некои ги ризикуваат своите животи за да спасат жена која откако претрпела епилептичен напад, завршила во автомобилот во канал.

Шон Тарнер и неговиот син се возеле во близина на Палм Бич во Флорида, кога забележале како бел автомобил тоне во каналот Бока Ратон. Без размислување, Шон скокнал во каналот за да ја спаси жената, а неговиот син го снимил херојскиот чин.

Наскоро потоа, други добри луѓе скокнале во водата за да помогнат, а Шон влегол внатре во автомобилот и со нож го пресекол појасот за да ја извлече жената. Во позадината на видеото, некој може да се слушне како вика: „Тато, излези!“

Жената во автомобилот подоцна била идентификувана како Моли Педрон, која страда од напади веќе 13 години, но овој напад дошол прилично неочекувано. Моли била однесена во болница и се опоравува, но нема посериозни повреди.

Таа му е многу благодарна на Шон и на останатите луѓе и вели дека му го должи животот: „Јас сум многу благодарна за помошта на Шон и помошта на другите минувачи. Не сакам ни да замислам што ќе се случеше да не беа тие.“ Ниту ние не сакаме да помислиме што би се случило доколку Шон не го забележал возилото на време, но секако ова е една херојска приказна вредна за споделување.