Храбриот полицаец го спаси човекот од запалена кола, веднаш по сообраќајната несреќа

Полициски службеник во Калифорнија е прогласен за херој, откако за само неколку секунди го спаси возачот од запалено возило. Полициската камера покажува како полицаецот Џеред Хјустон прв пристигнува на местото на несреќата и веднаш реагира. Тој забележал дека лицето е заглавено во автомобилот и знаел дека ќе мора брзо да дејствува за човек да има шанса за преживување.

На снимките што станаа вирални, може да се слушне полицаецот Џеред како вели: „Има некој таму? Еј, излези! Дали сте на совозачката страна?“ Неидентификуваниот возач потоа одговара:„ Не можам да излезам, господине “. Благодарение на храброста и брзото размислување на полицаецот човекот безбедно излезе од автомобилот и потоа бил однесен во болница со полесни телесни повреди.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!