Храбро 14-годишно момче спасило 4 возрасни мажи од давење

Горд татко раскажа како неговиот храбар 14-годишен син спаси четворица мажи од давење бидејќи силните струи ги однеле во морето.

Бери Шилг, неговиот син Клејтон и нивното семејство летувале на плажата Војонг на северниот брег на Нов Јужен Велс.

Клејтон се појавил на плажа со неговиот другар околу 2 часот попладне кога телефонот на неговиот татко заѕвонил и другарот на Клејтон му кажал дека виделе луѓе во неволја и дека момчето тргнало да им помогне. Загрижениот татко веднаш почнал да бара и друг човек со даска за сурфање кој би можел да оди и да му помогне на неговиот син.

Тој не знаел дека неговиот син кој е дел од училиште за сурфери веќе има сѐ под контрола. Седум лица биле исфрлени на море поради силните струи кога Клејтон ја грабнал старата даска за сурфање наменета за итни случаи од плажата.

Клејтон стигнал до мажите, но ситуацијата била толку панична што еден од нив го повлекол надолу. Клејтон им помогна на четворицата од мажите да дојдат до брегот на даската. Еден од мажите, 28-годишниот Бен Џефри бил во најлоша состојба и според луѓето бил на „неколку минути до смрт“.

Набргу пристигнала и брзата помош и полицијата. Од полицијата изјавиле дека младиот Клејтон треба да добие награда за неговата храброст. Сепак гордиот татко вели дека на него му е мило што неговиот син е жив и здрав.