Храбро момче кое го спаси животот на својата помала сестра се запозна со вистинскиот Спајдермен

Малото момче кое ја спаси својата сестра од напад на куче, се запозна со Спајдермен.

Том Холанд и Зендаја, ѕвездите на „Spider-Man: No Way Home“, неодамна се запознаа со вистински суперхерој на денот.

Бриџер Вокер беше поканет на сетот на најновиот хит на Марвел, откако го освои интернетот затоа што ја спаси својата сестра од напад на куче во 2020 година и претрпе неколку каснувања на главата и му требаа 90 конци.

Многу членови на кинематографскиот универзум на Марвел му испратија пораки на младото момче, а Том Холанд дури го покани на снимањето на „No Way Home“ за да го запознае вистинскиот Спајдермен.

За време на неговата посета, Бриџер се сретна со актерската екипа на „No Way Home“, па дури и имаше шанса да се заниша малку на мрежата со Спајдермен кога се појави прилика.

Таткото на Бриџер, Роберт, се огласи на социјалните мрежи за да ја пофали актерската екипа што му го разубави денот на неговиот син.

Tom Holland Invited Heroic Boy Who Saved Sister From Dog To 'Spider-Man' Set