Храна за убавина: Нутриционистка открива како да добиете блескава кожа преку исхраната

Серена Пун, сертифициран нутриционист и советник за долговечност на ѕвезди како Софија Вергара, Кери Вашингтон и Миранда Кер, за „The Post“ изјави дека со правилниот избор на храна може сериозно да се подобри изгледот на кожата.
Па, што точно треба да внесеш во исхраната за да ја подобриш текстурата на кожата, да го зајакнеш нејзиниот заштитен слој и да спречиш појава на брчки и акни? Таа го објаснува вака:

 

Храна за убавина: Како да добиеш блескава кожа преку исхраната

Хидратација, хидратација, хидратација

„Сјајната кожа започнува со хидратација“, вели Пун.
Храна богата со вода, како што се краставици, лубеница, целер и јагоди, не само што ја одржува хидратацијата во телото, туку и снабдува со антиоксиданси и витамини што ја подобруваат еластичноста и текстурата на кожата.

 

Хидратација, хидратација, хидратација

Омекнете ја кожата со омега-3

Друг таен сојузник за сјајна кожа? Омега-3 масни киселини.
„Ги има во ленено семе, чиа семе, ореви и дива лосос риба, и тие ја зајакнуваат кожната бариера за помазен и поеластичен изглед,“ објаснува таа.
Истражувањата покажале дека омега-3 помагаат да се балансира воспалителниот одговор на кожата и можат да ги ублажат симптомите на псоријаза, улцерации и акни.

 

Омекнете ја кожата со омега-3

Бори се против стареењето

Витаминот C, кој го има во агруми, јагоди, папаја и пиперки, е клучен за синтеза на колаген и обновување на кожата.
Витаминот E, пак, кој го има во сончогледови семки, бадеми и масло од пченични клици, ја штити кожата од надворешни штетни влијанија и предвремено стареење.
Одредени намирници дури можат да ја заштитат кожата и од штетните UV-зраци.
„Каротеноидите како бета-каротенот и ликопенот, кои ги има во слатки компири, моркови, домати и папаја, го подобруваат тенот, даваат природен сјај и делуваат како природна заштита од сонце“, вели Пун.
Истражувањата покажуваат дека каротеноидите ја подобруваат еластичноста, хидратацијата, текстурата на кожата, како и намалување на брчките и старечки дамки.
Една студија од 2012 година поврзала редовна консумација на каротеноиди во период од шест недели со златна нијанса на кожата, што ја прави личноста визуелно поатрактивна.

 

Бори се против стареењето

Пробајте куркума

За дополнителна превенција од брчки, Пун препорачува зелен чај, бобинки и темно чоколадо — сите тие се извори на полифеноли и EGCG, соединенија кои го намалуваат оксидативниот стрес и ја спречуваат појавата на фини линии.
Куркумин — активната состојка во куркумата, е моќен антиинфламаторен елемент кој го поддржува обновувањето и еластичноста на кожата.
Понатаму, куркумата го поттикнува детоксикацискиот процес во црниот дроб и делува како природен аналгетик.

 

Пробајте куркума

Здрави црева, убава кожа

Според Пун, здравјето на цревата директно влијае на јасноста и функцијата на кожната бариера.
Таа препорачува консумација на пробиотици и пребиотици — од јогурт, кефир, мисо, праз, банани и ферментирани зеленчуци — за поддршка на здравата кожа.
Исто така, советува зголемена консумација на масна риба и цели житарки.
„Коензим Q10, кој го има во масна риба и интегрални житарки, ги енергизира клетките на кожата, ги измазнува фините линии и го зголемува сјајот.“
Овој антиоксиданс кој природно се создава во телото, ги штити клетките што произведуваат колаген и еластични влакна – што се клучни за младешки изглед.
Суплементите со CoQ10, исто така, се поврзани со намалување на брчките и подобрување на мазноста на кожата.

 

Здрави црева, убава кожа

Сурово + зготвено = целосен ефект

Пун препорачува комбинација од свежо и зготвено овошје и зеленчук за комплетен нутритивен ефект.
„Готвењето на зеленчуци како домати и моркови ја зголемува биорасположливоста на антиоксиданси како ликопен и бета-каротен. Во исто време, свежото овошје и зеленчук содржат ензими и витамини чувствителни на топлина, како витамин C, што е клучен за создавање на колаген и клеточна обнова.“

 

Сурово + зготвено = целосен ефект

Антивоспалителен пристап

Ако сакаш да ја заштитиш кожата, избегнувај храна што предизвикува воспаление.
„Тоа се рафинирани шеќери, преработени јаглехидрати и пржена храна — кои го зголемуваат нивото на инсулин и можат да доведат до хормонален дисбаланс, што се манифестира како акни или блед тен,“ вели Пун.
Рафинирани растителни масла, премногу сол, вештачки адитиви и бои, исто така, можат да го оптоварат црниот дроб и бубрезите, што резултира со бледа или проблематична кожа.
Кај некои луѓе, млекото може да предизвика акни или подуеност, а алкохолот ја дехидрира кожата и го нарушува чистењето на телото — што доведува до сува и постара кожа.

Антивоспалителен пристап

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *