Хрватот Фране е најсреќниот несреќник на светот, а оваа титула доаѓа после 7 блиски средби со смртта и добивка на лото
Фране Селак, хрватски наставник по музичко образование, е познат по своите блиски средби смртта, благодарение на кои ја добил титулата „најнесреќен човек во светот“.
92-годишниот Фране Селак ја измамил смртта 7 пати во текот на својот живот. Тој доживеал се`, од сообраќајна несреќа до авионска несреќа и ги преживрал сите инциденти.
Роден е на 14 јуни 1929 година во Хрватска, а неверојатната приказна за блиските средби со смртта на Фране Селак започнала во 1962 година, кога имал 32 години.

Еден студен ден во јануари, Фране патувал од Сараево за Дубровник, кога одеднаш возот со кој патувал излетал од шините поради дефект на пругата. Возот паднал во ледена река, при што загинале 17 патници. За среќа, Фране се спасил, иако се здобил со скршеница на раката и хипотермија. Ова е само еден од многуте инциденти во приказната на Фране.
Френе во тоа време немал поим дека овој инцидент го означува почетокот на невообичаена серија настани што ќе се случат подоцна во неговиот живот.
Следната година, во 1963 година, Фране дознал дека неговата мајка е болна, па затоа морал лета од Загреб до Риека. Тоа било негово прво возење со авион. Иако летот бил целосно полн, тој некако ја убедил авиокомпанијата да му дозволи да седне во задниот дел на авионот заедно со стујардесите. На сред лет, двата мотори на авионот престанале да работат и притисокот во кабината паднал. Фране бил исфрлен од искршената врата додека авионот паѓал кон надолу. 19 патници загинале во несреќата.
Фране, кој излетал од авионот без падобран, мислел дека смртта е многу блиску. Но, за некое чудо, тој слетал на сено, и поминал само со полесни повреди. Ова било последен пат тој да патува со авион.

Во случај да мислевте дека ова е најлошиот инцидент што може да се случи во неговиот живот, тогаш грешите. Ајде да разговараме за што се случило во неговиот живот понатаму.
Три години по авионската несреќа, во 1966 година, Фране се возел со автобус кој излетал од патот и паднал во река, при што се удавиле 4 патници. Меѓутоа, Френе исплива до брегот и се здобил само со мали модринки.
Откако имал лошо искуство со јавниот превоз, Френе одлучи да патува претежно со својот автомобил, сепак, дури и тоа не успеало во неговиот случај.

Во 1970 година, неговиот автомобил се запалил сред возење. Фране успеал да скокне од возилото во движење, секунди пред резервоарот за гориво да експлодира пред неговите очи.
Во 1973 година, само три години подоцна, се случил уште еден инцидент. Пумпата за гориво на неговиот автомобил се скршила, предизвикувајќи пожар. Неговата коса била целосно изгорена во овој инцидент, но тој преживеал уште една несреќа.
Во друг инцидент, во 1995 година, Фране тврди дека преживеал удар од автобус со некои помали повреди додека се шетал низ Загреб.
И во 1996 година, за да избегне директен судир со камион на Обединетите нации додека возел по хрватските планини, неговиот автомобил удрил во заштитната ограда и падна од карпа висока 300 метри. Тој некако успеа да скокне и да се закачи на дрво.
Ова било последна потенцијално смртоносна несреќа во неговиот живот и за среќа тој не бил вклучен во никакви инциденти оттогаш.

Откако ја избегнал смртта 7 пати, Фране освоил лотарија во 2003 година, на 73 -годишна возраст. Сумата била неверојатни 1.110.000 долари! Купил две куќи и брод, и на крајот во 2010 година, одлучил да им ги подари повеќето од своите добивки на роднините и пријателите.
