Хрватска полиција растура „ковид забава“ во центарот на Загреб

Секаде повремено се кршат правилата за пандемијата, а полицијата во Загреб го виде тоа од прва рака. Тие со специјалци и камера влегоа во локал по име „Team“ во центарот на Загреб и начекаа 33 гости кои не би требало да бидат таму, затоа што барот воопшто не смеел да работи. Бидејќи многу им се посреќило во „гужвата“ пронашле и маж кој го барале со потерница, а тој со него имал и пиштол. 45-годишниот сопственик на локалот исто така ќе биде ригорозно казнет.