Хрватски уметник создава неверојатни слики од паднатите есенски лисја

Хрватскиот уметник Никола Фулер создава слики од лисја веќе 15 години. Природната уметност, се разбира, е краткотрајна, но секогаш можете да ја овековечите со фотографија.

Во оригинал, овие необични композиции од листови може да се видат во градот Осиек, во источниот дел на Хрватска. Големините на неговите дела достигнуваат и до 50 метри, а за една ваква слика тој работи неколку часа.

Автор на проектот е познатиот скулптор и уметник Никола Волер. Кога не е сезона на жолти лисја, тој создава слики на трева, па дури и на песок.