Хрватските келнери и готвачи го најдоа решението за малите плати! Што мислите дали треба и ние да го воведеме тој принцип на барање поголема плата?

Во периодов речиси секаде па и во Хрватска има дефицит на работници. Стандардот се крена, а платите останаа исти. Па младите што работат по локалите во Хрватска одлучија да се побунат. Сопствениците на кафеаните имаат впечаток дека Хрватските работници премногу бараат, а работниците имаат да кажат само едно: „Не се жалете дека морате да барате работници дури во Азија, тука сме само треба да повеќе да не платите!“.